26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Грција како порано: Ниту карантин, ниту тестови

Во Грција како порано: Ниту карантин, ниту тестови

На туристите во Грција нема да им треба тест за СОВИД-19 и нема да има потреба од карантин, пренесува порталот Greekinfo. Ова е предвидено во планот за започнување туризам во Грција наречен „Restart tourism“, кој го најавија грчкиот премиер Кријакос Мицотакис и министерот за туризам Харис Теохарис.

Туристичката сезона започнува на 15 јуни, а ќе се применуваат сите здравствени протоколи со цел да се задржат и граѓаните и туристите, а можно е да се тестираат посетителите по методот на случаен избор на земање мостри при нивниот престој во земјава.

Туристичката сезона и пристигнувањето на странски туристи во Грција започнува на 15 јуни, кога се очекува да пристигнат туристи од околу 20 земји со добри епидемиолошки резултати.

Списокот на тие земји ќе биде објавен на крајот на мај, а грчкиот премиер Мицотакис рече дека тие се државите на Балканот, Балтикот и северна Европа, пренесува „Greekinfo“.

Според грчката телевизија SKAI, првите 18 земји чии туристи Грција ќе ги добие од 15 јуни се Кипар, Израел, Кина, Јапонија, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Бугарија, Србија, Романија, Албанија, Полска, Северна Македонија, БиХ, Унгарија, Словачка и Чешка.

Пловидбата на грчките мориња е предвидено да започне на 25 мај, а камповите и хотелите што се отворени во текот на целата година ќе започнат со работа на 1 јуни.

Исто така, сезонските хотели во Грција ќе се отворат на 15 јуни, а летовите со авион ќе започнат во истиот ден, за почеток само преку аеродромот во Атина.
Туристите од другите земји се очекуваат од 1 јули, а сите други аеродроми во земјата ќе се отворат во исто време, додека постепено отстранување на сите мерки се очекува на 15 јули.

Што се однесува до осигурувањето, здравственото патничко осигурување што го плаќале туристите во претходните години, не опфаќало епидемии и пандемии.
Сите туристи кои сакаат да продолжат да ги планираат своите одмори, можат да резервираат сместување во Грција од 15 јуни.

Туристите кои резервирале одмор без агенција пред пандемијата, треба да проверат кај сопственикот на сместувањето за датумот на започнување на тоа сместување, додека оние што резервирале преку агенции, треба да чекаат за упатствата од нивните туристички агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП