18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако до дополнителна заработка од дома во услови на намалена вработеност?

Како до дополнителна заработка од дома во услови на намалена вработеност?

Вклучете се во Lyconet мрежата и заработувајте брзо и лесно од удобноста на вашиот дом

Моменталната ситуација со пандемијата и порастот на невработеноста, дополнително ги загрижува компаниите. Ретки се оние компании чиј бизнис не е погоден во овие моменти, кои ги трпат економските последици од корона-кризата, а следствено на тоа, се соочуваат и со намалување на човечките ресурси.

Во време на пандемија и вонредни услови речиси сите сме загрижени за своите работни места и приходи. Стапката на невработеност е сè поголема, а со тоа дополнителен стрес претставува и економската и трудова неизвесност, како кај компаниите, така и кај поединците. Грижата кај поединците, особено оние кои се соочуваат со губење на својата работа или пак намалување на платата, главно се сведува на мислата дали е можеби сега моментот да започнам свој бизнис или да направам промена во својата кариера?

Одговорот е „Да“! Токму сега можете лесно и брзо да започнете сопствен бизнис од удобноста на вашиот дом и да дојдете до дополнителна заработка.

Lyconet (Лајконет) e наменет за луѓе кои се претприемачки расположени, а претставува платформа за изградба на сопствен бизнис која на сите заинтересирани им нуди можност да создадат своја куповна заедница и истовремено носи дополнителна заработка од секое поединечно направено купување. Но, оваа компанија нуди и уште многу други предности, како што е можност за старт на бизнис без ризик, потполна слободна распределба на времето, развивање на дејност независно од локацијата, баланс на време поминато на работа и со семејството, фер плаќање според учинок, самостојна работа и перспектива за финансиска независност.

Всушност, Lyconet ви нуди и можност да станете дел од мрежата на успешни маркетери без излегување од вашиот дом. Едноставно е потребно да ја посетите нивната веб страница и да се регистрирате. Оттука, веќе можете и да заработувате, да напредувате во вашата кариера, а секако, и да заработувате солиден приход за сработеното.

Со оглед на ситуацијата во којашто се наоѓаме и ризикот кој е сe уште присутен за излегување од дома, Lyconet на своите маркетери им овозможува и непречена работна околност со целосна онлајн адаптација, со помош на вебинари, Business Intelligence системи и бизнис апликации.

Оваа програма нуди можност на секој заинтересиран да започне сопствен бизнис, но и можност за кариера за млади луѓе кои имаат скромно или немаат работно искуство. Во овие тешки околности во кои се наоѓаме, преку Lyconet всушност сите генерации имаат можност да започнат да развиваат професионални вештини и веднаш да градат работно искуство и кариера. Во овој момент, вашата канцеларија може да биде дневната, кујната или спалната соба, а деловните состаноци се одвиваат исклучиво виртуелно благодарение на погодностите овозможени од технологијата во која инвестира Lyconet.

Затоа, не двоумете се! Останете дома и останете безбедни бидејќи дури и во услови на пандемија имате можност за успешен сопствен бизнис, без апсолутно никаков ризик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП