26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТестирање: Новата Opel Mokka на патот кон подготвеност за производство

Тестирање: Новата Opel Mokka на патот кон подготвеност за производство

  • Инженерите на Opel ја завршуваат следната генерација на Mokka
  • Новата Opel Mokka е до 120 килограми полесна од претходниот модел
  • Шасијата и системите за помош се дотерани за време на зимските тестови на Арктикот
  • Електричната Opel Mokka-e нуди активен погон
  • Во тек е подесувањето на суспензијата во Центарот за тестирање Родгау-Дуденхофен
  • Нова Opel Mokka во продажните салони во почетокот на 2021 година

Риселсхајм. Динамична, ефикасна и со висок квалитет: ова се само неколку од развојните цели на целосно новата Opel Mokka. Со типична прецизност, германските инженери ги ставаат завршните детали во следната генерација на бестселерот. Во тест-центарот Родгау-Дуденхофен во Германија, тие моментално ја поставуваат новата Mokka за оптимална акустична удобност во ентериерот, одлична безбедност при возење со голема брзина и типичното опелово чувство на возењето и педалите. Од февруари, експертите на Opel за подвозје, погон, електроника и осветлување ја користат Арктичката зима за подесување на шасијата и системите за помош на замрзнатите езера и тесните селски патишта во шведски Лапланд.

Следната генерација на Opel Mokka е со целосно нов дизајн заснован на високоефикасната CMP мулти-енергетска платформа на компанијата (Common Modular Platform). Овој модуларен комплет нуди максимална флексибилност во развојот на возилото. CMP овозможува и употреба на чисто батериски електричен погон, како и мотори со внатрешно согорување. Клиентот има избор. Благодарение на употребата на челици со голема јачина, тежината на возилото е мала, а стабилноста на каросеријата е голема. Новата Mokka тежи до 120 килограми помалку од претходниот модел – со скоро иста големина на меѓуоскино растојание и димензии на гумите. Кај електричната Mokka-e, батериите се вградуваат длабоко во подот на возилото, што го спушта центарот на гравитација и истовремено ја зголемува торзионалната цврстина за дополнителни 30 отсто – пто се одлични предуслови за динамично возење. Клиентите можат да очекуваат многу агилна втора генерација на Mokka која ќе биде достапна кај дилерите од почетокот на 2021 година. До тогаш, тестирањето продолжуваат со полна брзина

Фаза 1: тестирање и прецизно прилагодување и подесување на Арктичкиот круг

Инженерот на Opel, Гунар Нис, никогаш не се уморува да сврти уште еден круг по круг направен по мразот. Тој редовно застанува неколку минути. Го зема лаптопот, ги чита измерените вредности и го забележува секој изминат километар. Во огромната арктичка пустина, сè уште е смрзнувачко ладно во март. Точно вистински услови за постигнување на хармонијата помеѓу ABS, ESP, системите за помош и остатокот од новата шасија на Opel Mokka.

Автомобилите во развој сè уште се кријат зад зелена и црна маскирна камуфлажа, со 3Д-графика што ги замаглуваат контурите на возилото. Инженерот зад воланот дошол на крајниот север за да ја постави добро шасијата. Како и секој Opel, и новата Mokka мора да одговори точно на воланот и да даде добри повратни информации, да биде удобна и во исто време да има доволно цврсто возење. Opel не смее да прикажува неконтролирано движење на каросеријата, на пример, кога возилото се вози преку голема прперека со средна брзина. Филозофијата на Opel се повикува на безбедно и релаксирачко возење на автопат. Opel мора да остане лесен за контрола во сите ситуации и да биде забавно да се вози во исто време.

Овие карактеристики мора да бидат присутни во сите временски услови насекаде – на ледениот арктички круг, како и во текот на топлото лето на Медитеранот. Сепак, ништо не смее да се менува во однос на прецизно ракување и доследното добронамерно однесување. Деловите, компонентите и системи постојано се прилагодуваат од инженерите на Opel како амортизери, опруги, управувањето. Покрај тоа, контролниот софтвер е адаптиран: за идеално чувство на педалата при забрзување и сопирање, за вистинската количина на помош на управувачот и за интеракција помеѓу сите системи за помош.

Фаза 2: возење со голема брзина на германски патеки за тестирање

Назад во Германија: истиот тест-инженер го управува прототипот на Mokka на домашен терен во тест центарот Родгау-Дуденхофен. А Карстен Бохле, координатор на проектот за втората генерација Mokka му се придружува на Гунар Нис.

„Сите очекуваме да ја видиме новата Mokka на улиците во рацете на клиентите. Тест-погоните работат како часовници, исто така затоа што нашето ново бебе, со мала тежина и компактни надворешни димензии, реагира добро на прилагодувањата. Ракувањето и удобноста се супер. Mokka е радост за возење “ вели Бохле, „Развојната работата беше многу забавна“.

Новата Mokka е подготвена да ги положи завршните испити во тест-центарот. Иако се потресени, комфорот во возилото и акустиката во внатрешностане смеат да бидат загрозени – дури ни со траги за тортура. Тука, недалеку од седиштето на Opel во Риселсхајм, патеките се реплики на најтешките патишта во Европа. Инженерите на Opel тестираат тука со децении и создадоа огромно богатство на искуство. Инженерите постојано ги прилагодуваат опругите и амортизерите, и континуирано се подобрува рамнотежата помеѓу одговорноста и спортската прецизност. Новата Mokka има особено ниска бучава на пат за оптимална акустична удобност, што висококвалитетните материјали во ентериерот дополнително го зголемуваат. Шкрипењата и крцкањето се табу.

Управувачот и суспензијата ги добиваат своите Opel „осети“ на тестирањето во Даденхофен. Две шипки за потпорните греди McPerson се стандардна опрема; тие обезбедуваат дополнителна крутос на предниот крај, додавајќи чуство на поголема прецизност и агилност. Новата Mokka лесно се справува со крајните граници и системите за помош функционираат совршено. Потоа доаѓа крајната дисциплина – голема брзина на овална патека со своето стрмно искачување проследено со долг правец. Овој тест бара цврста стабилност со сите брзини. Во реалниот живот, тоа исто така резултира во огромна придобивка од безбедноста при маневрирање за избегнување препреки со помала брзина. Инженерите на Opel само ставаат печат за одобрување на автопат кога ќе се вратат задоволни од овалната патека со голема брзина. Новата Opel Mokka веќе го помина овој тест. Сепак, тестирањето, тестирањето и уште повеќе тестирање ќе продолжат до текот на летото. Кога Mokka ќе достигне подготвеност за производство, автомобилите ќе започнат да ја излегуваат од монтажната линија на крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП