Швајцарски Nestle договори соработува со економскo-технолошката развојна зона Тијанџин (TEDA) за изградба на фабрика со годишен капацитет на производство од 8 илјади тони.
Првата фабрика на Nestle во Тијанџин е изградена во 1994 година, а во најновиот инвестициски циклус најавуваат проширување на фабриката за производство на храна за домашни миленици, но и проширување на секторот за производство на храна за вегетаријанци.
Nestle ќе се фокусира на производи кои го заменуваат месото, со цел да ги понуди своите производи на кинескиот пазар каде вегетаријанската понуда почнува силно да се развива.
Кинескиот вегетаријански пазар се проценува дека до 2023 година би требало да вреди 12 милијарди американски долари, а веќе влегува во кинеските ланци за брза храна, како Starbucks, KFC, но и стотици кинески брендови на ресторани.