13 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечна возраст на прворотките во ЕУ е 29,3 години, кај нас 26,9

Просечна возраст на прворотките во ЕУ е 29,3 години, кај нас 26,9

Просечната возраст на жените во Европската унија кога го раѓале првото дете во 2018 година изнесувал 29,3 години. Најмлади родилки на прво дете има Бугарија – 26,2 години, а најстари во Италија – 31,2 години. Кај нас просечната возраст на која жените го добиваат првото дете е 26,9 години, покажуваат податоците на Евростат.

Просечната возраст на жените во Европската унија кога го раѓаат првото дете бележи постојан раст од 28,8 години во 2013 година на 29,3 години во 2018 година. Кај нас просечнаат возраст на која жените го добиваат првото дете е зголемена за 0,5 години од 26,4 години во 2013 година, на 26,9 години во 2018 година.

Просечната возраст е во постојан раст во сите земји членки на ЕУ. Најголема промена има во Естонија, каде просечната возраст е зголемена за 1,2 години од 26,5 во 2013 година на 27,7 години во 2018 година, по што следат Литванија и Летонија, двете со раст од по 1,1 година. Најмала промена, во истиот период имаат Словачка и Шведска, од само 0,2 години, по што следат Чешка и Словенија – двете по 0,3 години.

Прворотките се најмлади во Бугарија и Романија, најстари во Италија и Шпанија.

Меѓу земјите членки на ЕУ, највисока просечна возраст на прворотките во 2018 година има Италија – 31,2 години, Шпанија – 31 година, Луксембург – 30,9, Ирска – 30,5 години и Грција 30,4 години. Најмлади прворотки имаат Бугарија – 26,2 години и Романија – 26,7 години.

Во регионот највисока просечната возраст на прворотките има Грција – 30,4 годиниа, по што следат Хрватска и Словенија со по 28,8 години, Србија – 28,1 година. Нашата земја е на средина со 26,9 години. Најниска просечнат возраст прворотките имаат во Бугарија – 26,2 години, па Турција – 26,3 и Албанија – 26,4 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП