Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,992.58 0.36%    GRNT 970.00 -0.51%    KMB 5,848.81 -0.02%    MPT 67,498.00 -0.04%    RMDEN15 99.00 0%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,064.15 0.6%    TNB 16,200.00 -2.99%    TTK 1,180.00 -2.88%    UNI 2,015.00 -2.92%    UNIPO 101.50 -0.29%    

„Глобал фајнанс“ ја прогласи „Охридска банка“ за најдобра банка во земјава за 2020

Време: 13:20

Датум: мај 19, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Светскиот финансиски магазин „Глобал фајнанс“, петта година по ред, ја прогласува „Охридска банка“ за најдобра банка во земјава.

Имено, публикацијата, издадена од Светската Банка, 27-ми пат по ред ја објавува листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка“ за земјите од Централна и Источна Европа.

– Да се биде прогласен пет години по ред за „Најдобра банка во Македонија“, особено од
страна на врвен банкарски авторитет во светот, како што е „Глобал фајнанс“ претставува огромна чест, но и голема одговорност. Ова е историска година за „Охридска банка“ од повеќе аспекти. Се наоѓаме во период на интеграција на „Охридска банка“ со „Шпаркасе Банка Македонија“, и континуирано работиме во насока на поставување на силна и значајна системска банка која ќе биде четврта по големина во банкарскиот сектор во земјата, изјави Нина Неданоска, претседател на Управниот одбор на „Охридска банка“.

Таа посочи дека продолжуваат кон нивната стратешка цел, изразувајќи уверување оти сите нивни резултати и достигнување ќе дадат силна потпора во креирањето на уште посилна и помоќна „Шпаркасе Банка Македонија“, која се очекува да биде целосно интегрирана во мај 2021 година.

– Од друга страна пак, соочени сме со неизвесностите кои ни ги донесе корона кризата и исправени сме пред предизвикот да одговориме соодветно на потребите на нашите клиенти, на институциите, на економијата и на нашите вработени. Ваквите меѓународни признанија се уште една потврда за улогата која ја има „Охридска банка“ во банкарскиот сектор во земјата, за нашата стабилност, конзистентност и посветеност и во вонредни услови, истакна Неданоска.

Наградата на „Охридска Банка“ за „Најдобра банка во Македонија за 2020“ ќе и биде доделена на свечена церемонија на 17 октомври 2020 година во рамките на годишното собрание на ММФ и Светската банка во Вашингтон, каде на едно место ќе се сретнат претставници од 23. најдобри банки од Централна и Источна Европа.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Turkish Airlines од 18 јуни ќе започне летови кон шест европски земји

    Turkish Airlines од 18 јуни ќе започне летови кон шест европски земји

    Turkish Airlines повторно од 18 јуни ќе започне меѓународни летови со шест европски земји, а во лето ќе бидат организирани и пет нови летови. Компанијата ќе започне…

  • Извршниот директор на Coca-Cola: Пластиката во океаните мора да биде минато време

    Извршниот директор на Coca-Cola: Пластиката во океаните мора да биде минато време

    Од сите загадувачи, пластиката е најпрепознатлива – таа е највидлива и лебди“, изјави извршниот директор на Coca-Cola, Џејмс Квинси на виртуелен дијалог за океани организиран…

  • Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

    Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

    Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“, воедно и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на…

  • Основачот на Zoom во еден ден стана побогат за 800 милиони долари

    Основачот на Zoom во еден ден стана побогат за 800 милиони долари

    Вредноста на акциите на компанијата Zoom Video Communications Inc. на берзата Nasdaq се зголеми за 9,7 проценти во петокот, 29 мај. Пазарната капитализација на компанијата за…

  • Дали Western Union ќе го преземе конкурентот MoneyGram?

    Дали Western Union ќе го преземе конкурентот MoneyGram?

    Western Union даде понуда за да ја купи компанијата за трансфер на пари MoneyGram, пренесува Bloomberg. Не е постигнат никаков договор и Western Union сеуште може…

  • Facebook на мета на критики од организациите за човекови права

    Facebook на мета на критики од организациите за човекови права

    Лидерите на организациите за човекови права остро го критикуваа Facebook по средбата со еден од основачите на компанијата, Марк Цукерберг. Состанокот се случи еден ден…

  • Boeing повторно започна со производство на авионите 737 MAX

    Boeing повторно започна со производство на авионите 737 MAX

    Американскиот производител на авиони Boeing повторно почна со производството на патничките авиони 737 MAX, кои беа суспендирани во јануари, објави агенцијата Anadolu. Производството на овие…

  • Burger King во Германија најде начин како да ги задржи гостите на дистанца

    Burger King во Германија најде начин како да ги задржи гостите на дистанца

    Burger King во Германија воведе џиновски картонски круни за да ги принуди луѓето да стојат на доволно растојание едни од други, пренесува mymodernmet.com. Многу ресторани ширум…

  • Авио-гигантот отпушта 12.000 работници во САД

    Авио-гигантот отпушта 12.000 работници во САД

    Американската компанија Boeing има намера во наредните недели да отпушти околу 12.000 работници во Соединетите држави, објави BBC. Компанијата објави дека оваа недела ќе информира за…

  • Компанијата Apple повторно отвора околу 100 свои продавници во САД

    Компанијата Apple повторно отвора околу 100 свои продавници во САД

    Компанијата Apple најави отворање на околу 100 свои продавници во САД, објави Reuters. По прогласувањето на пандемија од коронавирус, раководството на Apple нареди затворање на…