26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКанадска авиокомпанија отпушта 20.000 работници

Канадска авиокомпанија отпушта 20.000 работници

Од најголемата канадска авиокомпанија велат дека поради болеста COVID-19, бројот на летови е намален за 95 проценти и дека не очекуваат скоро нормализација на работењето.

Најголемата авиокомпанија во Канада, Air Canada, планира да отпушти најмалку 20.000 вработени поради последиците од пандемијата од коронавирус.

Од Air Canada, во која има повеќе од 38.000 вработени, велат дека отпуштањата ќе влијаат на повеќе од половина од вработените.

Канадската авиокомпанија најавува дека нивната работна сила ќе биде намалена за 50 до 60 проценти, а мерката ќе стапи на сила на 7 јуни.

Air Canada, во март објави дека ќе отпушти скоро половина од вработените како дел од намалувањето на трошоците.

Во април повторно се вработија 16.500 отпуштени стјуардеси, механичари и агенти за услуги на клиентите, откако владата објави план за субвенционирање на платите, но не се обврзала да ја одржи програмата по 6 јуни.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП