28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвио-гигант отпушта дури 30.000 вработени?

Авио-гигант отпушта дури 30.000 вработени?

Еден од светските гиганти во воздушниот сообраќај, Emirates, размислува за отпуштање дури 30.000 луѓе.

Најголемиот светски превозник на долги летови би можел да го намали вкупниот број на вработени за дури 30 проценти, кој во март изнесуваше 105.000, бидејќи ги намалува трошоците и повторно го прилагодува своето работење за да се справи со падот на патувањето кој ќе трае со години, оценуваат луѓе запознаени со тој проблем, наведува Bloomberg.

Групацијата во државна сопственост собра 1,2 милијарди долари од ново финансирање во првиот квартал и сега е принудена да бара финансиска помош од Дубаи.

Emirates исто така размислува и за забрзување на повлекување од своите флоти на масивните двокатни авиони А380, во кои можат да се сместат повеќе од 500 патници.

Како што наведува Emirates, најголемиот оператор на супер-џамбо авиони Airbus SE, соопшти дека размислува за нивото на “трошоци и ресурси” во однос на проекциите, додека се подготвува за продолжување на летовите по двомесечната пауза.

Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (IATA) минатата недела објави дека воздушниот сообраќај нема да се врати на нивото пред епидемијата на коронавирус до 2023 година, како и дека следната година сообраќајот ќе биде помал за 24 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП