20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРусија блиску до решение: Вакцина веќе за три месеци?

Русија блиску до решение: Вакцина веќе за три месеци?

Вакцината за коронавирус може да биде регистрирана во Русија во август, најави директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Александер Гунцбург.

„Верувам дека до крајот на летото би можеле да регистрираме вакцина. Јас би рекол дека може да биде во август, ако сè оди според планот и нема никакви изненадувања“, изјави Гунцбург во интервју за ТВ канал Russia 1, објави агенцијата TASS.

Истражувањето во моментов е во предклиничко испитување, кое би можело да трае уште еден месец.

Според Гунцбург, вакцината ќе биде ставана во десното рамо, но не сите Руси ќе можат да ја примат во исто време.

„Министерството за здравство размислува како тоа да го направиме, кои капацитети ќе бидат ангажирани за производството на вакцината да биде максимално можно“, изјави Гунцбург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП