НЛБ Банка АД Скопје за периодот 01.01.2020 до 31.03.2020 година оствари нето добивка во износ од 418.532 илјади МКД, што претставува зголемување за 1,9% во однос на остварената нетодобивка истиот перио д претходната година.
Нето каматните приходи, заклучно со 31.03.2020 година се пониски за 1,7% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 3,8%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 15,5% главно поради пониски расходи за камата кај население што се должи на пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.
Нето приходите од провизии се повисоки за 0,4% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 8,8% како
резултат на остварен пораст на приходите во доменот на картично работење, платен промет во земјата и странство, инвестициско и брокерско работење.
Расходите за провизии се повисоки за 26,8%, главно поради повисоки расходи поврзани со картично работење, девизен и денарски платен промет и кеш центар.
Останатите некаматни приходи изнесуваат 151.263 илјади МКД и се повисоки за 161,5% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население.
Вкупните приходи од работење изнесуваат 1.148.105 илјади МКД и се повисоки за 7,7% во однос на истиот период претходната година.
Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 480.653 илјади МКД и се повисоки за 1,3% при што трошоците за вработени се повисоки за 4,2%, трошоците за амортизација се пониски за 2,3%, останатите расходи од дејност се пониски за 0,7% во однос на истиот период претходната година.
Заклучно со 31.3.2020, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 186.195 илјади МКД соодветно на структурата и порастот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 16.222 илјади МКД.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.