6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАООН предвидуваат пад на светската економија од 3,2 проценти во 2020 година

ООН предвидуваат пад на светската економија од 3,2 проценти во 2020 година

Обединетите нации изнесоа проценка дека светската економија поради пандемијата од коронавирус оваа година ќе забележи пад од 3,2 проценти, најлоша по Големата депресија во 30-тите години на минатиот век.

Во објавениот извештај на ООН се предвидува дека кризата предизвикана од пандемијата од коронавирус ќе доведе до намалување на светското производство за скоро 8.500 милијарди во следните две години и ќе ја избрише скоро целата добивка од претходните четири години.

ООН во јануари предвидоа скромен економски раст од 2,5 проценти во 2020 година.

Пандемијата, исто така, “ја зголемува сиромаштијата и нееднаквоста”, се наведува во извештајот на ООН за економската ситуација во светот и изгледите, со проценка дека во 2020 година, 34,3 милиони луѓе најверојатно ќе паднат под границата на екстремната сиромаштија, од кои 56 проценти во Африка.

ООН, во извештајот наведува и дека дополнителни 20 милиони луѓе би можеле да се најдат во екстремна сиромаштија до 2030 година, што би бил „огромен удар“ за глобалните напори за искоренување до крајот на деценијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП