10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочинати тројца пациенти од коронавирус, 20 новозаболени

Починати тројца пациенти од коронавирус, 20 новозаболени

Министерството за здравство информира дека од коронавирус починаа уште три лица.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на 7 мај. Во болницата во Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон Инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје – 12, Прилеп – 7, Тетово – 3 пациенти и по еден во Кавадарци и Пехчево.

Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19, и тоа 10 во Скопје, 5 во Прилеп, во Тетово – 4 случаи и 1 нов случај во Велес.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.694, бројката на оздравени пациенти е 1.229, на починати е 95, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 370.

Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 579, активни 129

• Куманово – 410, активни 46

• Дебар – 51, активни 0

• Штип – 35, активни 2

• Прилеп – 184, активни 56

• Тетово – 121, активни 58

• Струга – 67, активни 4

• Велес – 109, активни 50

• Битола – 23, активни 4

• Охрид – 15, активни 0

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар – 19, активни 4

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 2, активни 0

• Крива Паланка – 6, активни 2

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 31, активни 5

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 2, активни 0

• Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод – 2, активни 0

• Пехчево – 3, активен 1

• Делчево – 1, активни 0

• Валандово – 1, активен 1

• Виница – 2, активни 0

• Кратово – 2, активни 2

• Берово – 1, активен 1

Досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се четири пациенти, а вкупно хоспитализирани 38. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е еден пациент.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се четири пациенти и уште три се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани двајца пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно шест, а уште еден пациент се следи на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и во Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП