3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair од 1-ви јули повторно воспоставува скоро половина од летовите

Ryanair од 1-ви јули повторно воспоставува скоро половина од летовите

Европската авиокомпанија Ryanair денес најави дека од 1 јули повторно ќе воспостави 40 проценти од планираните летови.

Нискобуџетната авиокомпанија соопшти дека се надева дека дневно ќе извршуваат 1.000 летови.

Ryanair објави и видео во кое се гледа како треба да изгледаат летовите после короната и ги мотивираат патниците да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот COVID-19.

Тие мерки, меѓу другото, вклучуваат помалку пријавени торби, чекирање преку интернет, како и проверки на температурата на телото на влезот на аеродромот и носење маски на аеродромите и во авионите.

Сите авиони на компанијата Ryanair се опремени со HEPA филтри за воздух (слични на оние кои се користат во болничките одделенија за пациенти кои се во критична состојба), а сите површини во авионите секоја вечер се дезинфицираат со хемиски средства кои делуваат повеќе од 24 часа.

Се поттикнува и социјалното растојание на аеродромите и во авионите каде што е можно. Екипажот, исто така ќе носи маски, а сите трансакции ќе бидат безготовински.

Извршниот директор на компанијата, Еди Вилсон изјави дека е важно и за клиентите и за нивните луѓе да се вратат во нормален ред на летање, почнувајќи од 1 јули.

„По четири месеци, време е Европа повторно да полета, да ги обедини пријателите и семејството, да им овозможи на луѓето да се вратат на работа и да започне европската туристичка индустрија, која обезбедува толку многу милиони работни места“, изјави Вилсон.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП