26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрепознајте ги раните симптоми на дијабетес: Ова е јасен знак дека шеќерот...

Препознајте ги раните симптоми на дијабетес: Ова е јасен знак дека шеќерот го уништува организмот!

Ако овој симптом се забележи на време, дијабетесот може да се држи под контрола.

Симптоми на дијабетес тип 2 вклучуваат замор, необјаснето слабеење и жед. Меѓутоа, лекарите дојдоа до заклучок дека пред сите нив се развива еден симптом, кој е најраниот аларм за узбуна.

Дијабетес тип 2 е хронична состојба во која панкреасот не може да произведе доволна количина инсулин. Иако овој процес може да изгледа безопасен, со текот на времето ќе ги поремети сите телесни функции. Високото ниво на шеќер во крвта може сериозно да го оштети срцето, очите но и бубрезите.

Клучен чекор во овој случај е раното откривање на проблемот. Најраниот симптом, тврдат лекарите, е заматен вид, кој секој ден станува се посериозен.

Дијабетесот може да предизвика заматен вид, но и солзење на очите. Оваа состојба е позната и како дијабетичка ретинопатија – резултат е проблем со крвните садови околу мрежниците.

Кај повеќето пациенти, овој проблем се развива постепено. Раното откривање и одењето на лекар може да го спаси пациентот од посериозни проблеми како што е целосно губење на видот.

Во окото почнува да се создава вишок на течност која создава замаглување и го намалува фокусот. Ако оваа состојба потрае неколку дена, време е да посетите лекар.

Експертите потенцираат и дека заматен вид не е во 100 проценти од случаите последица на дијабетес. Тој може да биде предизвикан од голем број други состојби, вклучувајќи суви очи, слаб вид или инфекција. Во секој случај, лекарите препорачуваат редовна контрола и следење на сите сигнали кои телото ни ги испраќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП