20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска бензините поскапи за 3,5 денари

Од денеска бензините поскапи за 3,5 денари

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемија за три и пол денари.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 56 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот е
45,50 ден/лит.

За 2,5 денари се зголеми и цената на Екстра лесното масло за домаќинство така што новата негова цена сега е 33,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 2,026 ден/кг во однос на минатонеделната ценатака што во следните седум дена ќе се продава по цена од 18,169 ден/кг.

Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 проценти што според РКЕ се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.

– Минатата недела на светскиот пазар беше регистрирано зголемувањето на референтните цени на сите нафтените деривати, а дел од нив пораснаа приближно и за 50 процентиПазарот реагира на намаленото производство како резултат на одлуката од последниот состанок на ОПЕК на кој се заклучи да се ограничи производството на сурова нафта со што практично се прави обид да се отпочне со урамнотежување на понудата и побарувачката на пазарот со сурова нафта. Иако пазарот реагира на намаленото производство, сеуште цените на нафтените деривати во овој момент се под нивото на цените на нафтените деривати кои ги имавме минатата година, вели првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП