26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовиот ŠKODA Rapid пристигна и во Македонија !

Новиот ŠKODA Rapid пристигна и во Македонија !

rapid

Обожавателите на висококвалитетни автомобили по атрактивни цени, сега имаат уште една причина за радост- во салоните на Porsche Macedonia пристигна најновиот член на семејството на ŠKODA –  новиот ŠKODA Rapid.

ŠKODA Rapid е автомобил кој импресионира со многу простор, впечатлив дизајн, одличен сооднос цена-квалитет, сеопфатна безбедност и ефикасни мотори. Позициониран меѓу ŠKODA Fabia и ŠKODA Octavia, полека но сигурно, моделот станува репер во сегментот на седани: простран и елегантен дизајн, бројни паметни решенија, најсовремена технологија и висока ефикасност. Идеален за семејни патувања или секојдневно уживање, без сомнение Rapid овозможува пријатно возење, а истовремено е и еколошки и со релативно прифатлива цена.

Новиот потомок на ŠKODA импресионира со изненадувачки простор – должина од 4,48 метри, широчина од  1.7 метри, како и багажен простор од 550 л. Со комфорен простор за пет патници и нивниот багаж, автомобилот е целосно во согласност со филозофијата на брендот – да нуди паметни решенија и одличен сооснос цена-квалитет, како и севкупна безбедносна опрема. Како опции се нудат пет бензински и два дизел мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП