20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕдна од најстарите авиокомпании во светот банкротираше поради короната

Една од најстарите авиокомпании во светот банкротираше поради короната

Колумбиската авиокомпанија, Avianca Holdings, втора по големина латиноамериканска компанија и една од најстарите во светот, поднесе барање за банкрот, бидејќи настапи рокот за исплата на обврзницата, а колумбиската влада не одговорила на нивните молби за помош.

Доколку не успее да излезе од банкрот, Avianca ќе биде една од првите главни превозници во светот која пропаднала поради пандемијата од коронавирусот, која предизвика пад на глобалниот авиосообраќај од 90 проценти, пренесува Guardian.

Avianca, уште од крајот на март не сообраќа на редовните патнички летови, а поголемиот дел од 20.000 вработени не примаат плата од кога започна кризата.

Претставник на Avianca, за Reuters изјави дека компанијата сè уште се обидува да обезбеди државни заеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП