26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAndroid 11 Beta пристигнува за еден месец

Android 11 Beta пристигнува за еден месец

Google обично претставува нова верзија на Android оперативен систем на својата Google I/O конференција. Меѓутоа, поради COVID-19 пандемијата, таа оваа година беше откажана. Затоа, се поставува (оправдано) прашањето кога ќе биде претставена новата верзија на Android OS. Оваа година тоа ќе биде малку подоцна од вообичаеното – Android 11 бета ќе биде лансирана на виртуелен настан кој ќе се одржи на 3 јуни.

Дејв Бурк, потпретседател за развој на Android OS и директорката за производи, Стефани Кутбертскон, ќе одржат тогаш предавање кое ќе се однесува на иднината на мобилниот оперативен систем. Во него ќе се најави што ќе биде ново во претстојниот оперативен систем, а се однесува на сигурноста, безбедност, пристапност, продуктивност и други теми од интерес за корисниците. По предавањето, тие ќе одговорат на прашањата на дивилоперите.

Првата бета верзија на Android 11 ќе биде достапна истиот ден (3 јуни). Следната, Beta 2 верзија која ќе се фокусира на подобрување на стабилноста, ќе биде достапна на 3 август, а финалната верзија се очекува во третиот квартал од оваа година, најверојатно на крајот на септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП