24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за април 2020

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за април 2020

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.04 – 30.04.2020 година вкупниот промет изнесувал 755.470.810 денари и е намален за 72.88 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 651.991.389 денари и е намалено во однос на март за 56,08 отсто кога изнесувало 1.484.434.935 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 650.253.090 денари и обврзници во вредност од 1.738.299 денари.

Блок трансакциите за април изнесувале 29.673.271 денари и се намалени за 97,72 отсто во однос на март.

Бројот на трансакции во април изнесувал 2.695 и е намален за 44.18 отсто во однос на март кога изнесувал 4.828.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за април се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за април 2020 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП