29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle Messages апликацијата инсталирана повеќе од милијарда пати

Google Messages апликацијата инсталирана повеќе од милијарда пати

Апликацијата Google Messages достигна повеќе од милијарда преземања во Play Store, забележал порталот Android Police. Не е невообичаено Google апликацијата да ја достигне оваа бројка, но за Google Messages ова е значајно.

Милијарда

Технички, тоа е импресивен подвиг за било која апликација, дури и ако доаѓа инсталирана на уред, како што е Google Maps, меѓутоа Messages не доаѓаат со уредот. Освен ако немате Pixel или Android One уреди (или некои други уреди од различни OEM производители), Google Messages не се подразбирa дека е инсталирана на уредите. Наместо тоа, вашиот OEM, без разлика дали тоа е Samsung, LG, OnePlus или други, имаат сопствена апликација за испраќање пораки која е инсталирана на уредот и која управува со СМС пораките.

Сите знаеме дека нема милијарди Pixel уреди во употреба, така што, јасно е дека Messages стана популарна алтернативна апликација за размена на пораки за пошироката Android база на корисници. Зошто? Messages одамна нуди чист, едноставен кориснички интерфејс кој не штеди на функции. Апликацијата редовно се ажурира со опции како што се темен режим, алатката за означување слики, па дури и згоден веб интерфејс. Можеби најголемата причина би можела да биде тоа што Messages поддржува RCS во неколку региони независно од операторот. Тоа е голема надградба за СМС пораки која корисниците несомнено ја сакаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП