19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАзискиот огранок на Budweiser во загуба поради коронавирус

Азискиот огранок на Budweiser во загуба поради коронавирус

Загубата на азиската пиварска групација Budweiser APAC во првиот квартал од оваа година изнесуваше 41 милиони долари, во споредба со добивката од 240 милиони долари во истиот период минатата година, се вели во извештајот на компанијата објавен во четвртокот на берзата во Хонг Конг.

„На нашето работење сериозно влијаеше пандемијата од COVID-19“, се вели во извештајот на лидерите во продажбата на пива во азиско-пацифичкиот регион.

Приходите на компанијата во првиот квартал паднале на годишно ниво за 39 проценти, на 956 милиони долари, а продажбата е намалена за 42 проценти.

Во извештајот се истакнува дека од средината на март ситуацијата постепено се подобрува и дека сите пиварници во Кина и во другите азиски земји освен Индија продолжиле со работа.

Budweiser APAC е подружница на меѓународниот гигант Anheuser-Busch InBev – најголемиот светски производител на пиво кој произведува повеќе од 50 брендови на овој пијалок, вклучувајќи ги брендовите Stella Artois, Corona и Hoegaarden.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП