11 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Фиат Крајслер“ пријави загуба од 1,7 милијарди евра

„Фиат Крајслер“ пријави загуба од 1,7 милијарди евра

Компанијата „Фиат Крајслер Автомобили“ пријави загуба од 1,7 милијарди евра во првиот квартал од годинава поради остриот пад на продажбата на автомобили поради пандемијата на коронавирус.

Од компанијата очекуваат влијанието на кризата врз бизнисот во вториот квартал да биде уште поизразено.

Овој италијанско-американски конгломерат на производители на автомобили ги повлече предвидувањата за годишната заработка поради сериозно нарушување на пазарот.

Директорот на компанијата, Мајк Менли, рече дека и покрај кризата, условите за спојување со француската фирма „ПСА Пежо“ не се променети и дека целта останува да се заврши до крајот на 2020 година или почетокот на следната година.

За разлика од загубите во годинашниот прв квартал, „Фиат Крајслер“ заработи 619 милиони евра во истиот период во 2019 година.

Приходите оваа година потонаа за 16 проценти на 20,5 милијарди евра, при што светската испорака на возила падна за 21 процент на 818.000 возила како резултат на затворање на погоните во сите региони. Добивка е остварена само во Северна Америка, каде што фабриките беа затворени само една недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП