9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕВН Македонија продолжува со дигитализација на услугите: „Пријави состојба“ е најновата онлајн...

ЕВН Македонија продолжува со дигитализација на услугите: „Пријави состојба“ е најновата онлајн алатка на ЕВН за корисниците

ЕВН Македонија продолжува со дигитализација на своите услуги со воведување на нова услуга за онлајн пријавување на состојба на броило. Отсега корисниците ќе можат да ги испратат до ЕВН податоците за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа од нивното броило и врз основа на овие податоци да добијат фактура за електрична енергија. Оваа можност е особено корисна во случаи кога броилата на корисниците, од било која причина, не се отчитани и поради тоа се изготвуваат сметки со претпоставена потрошувачка (вонредни состојби, непристапност до броилото, годишни одмори и др.). 

Постапката на пријавување состојба преку evnonline.mk е лесна и брза, без потреба од регистрација на профил. Најпрво се внесуваат бројот на корисник и серискиот број на броилото, основни податоци што секој корисник може да ги најде на првата страна од било која фактура. Потоа, корисникот треба да ги прочита и внесе состојбите на неговото броило за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа. На крај се внесуваат основни податоци за контакт. Согласно пријавените состојби на корисникот ќе му се изготви фактура во редовниот период на фактурирање на кој корисникот му припаѓа.

При читање на сопственото броило, корисниците треба најпрво да се уверат дали го гледаат нивното броило, а тоа се прави со споредба на серискиот број на броилото од фактурата со тој на самото броило. Понатаму, за точно запишување на состојбите, во зависност од моделот на броило, корисникот на evnonline.mk може да погледне детално упатство за читање на броилото. Многу е важно корисниците да бидат внимателни при споредба на вредностите за потрошувачка од доставената фактура со моменталните состојби од броилото.

Вонредните мерки за спречување на ширење на корона вирусот покажаа дека е моногу важно корисниците да имаат можност и далечински да добијат услуги, без да мораат да ги посетуваат просториите на компанијата. Токму затоа, ЕВН во континуитет работи на дигитализација на услугите. Освен најновата услуга, преку evnonline.mk корисниците можат да се пријавуват за електронска фактура, брзо да ги плаќаат сметките без регистрација и провизија, и да креираат профил на „Мој ЕВН Хоме“ за едно или повеќе мерни места за уште дополнителни опции како плаќање и увид во долгови, историјата на плаќања, преземање на копии од фактури од последните 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП