17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air полета меѓу првите, патниците со маски

Wizz Air полета меѓу првите, патниците со маски

Авион на унгарскиот нискобуџетен превозник Wizz Air слета на лондонскиот аеродром Лутон од Софија, со што стана еден од првите во Европа кој повторно ги започна рутите за време на пандемијата од коронавирус.

Најмалку едно лице е видено низ прозорецот на авионот кое носело маска за лице, а на аеродромот имало десетици патници, распоредени по прописи за социјално дистанцирање, најверојатно чекајќи повратен лет кој следел набрзо по тоа, пренесува Reuters.

Европските авиокомпании приземјија голем дел од своите флоти во последните шест недели, додека владите воведоа ограничувања за патувања поради борбата против ширењето на вирусот. Но, Wizz Air минатата недела соопшти дека планира да врати некои од своите авиони во промет за основни патувања.

Авиокомпанијата наведува дека е важно да се активира инфраструктурата бидејќи постојат луѓе ширум Европа кои мораат да патуваат поради работа.

Авиокомпанијата, чиј географски фокус е централна и источна Европа, соопшти дека сите патници мора да носат маски на летовите, додека екипажот ќе носат маски и нараквици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП