28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМуск со еден твит ги сруши акциите на Tesla

Муск со еден твит ги сруши акциите на Tesla

Основачот на Tesla, Илон Маск, “избриша” 14 милијарди долари од вредноста на својата компанија, откако твитна дека цената на акциите е превисока.

Твитот на Маск, исто така, намали три милијарди долари од неговиот удел во Tesla, бидејќи инвеститорите веднаш се повлекоа од компанијата, пренесува BBC.

„Цената на акциите на Tesla е превисока според мое мислење“, напиша тој во еден од неколкуте твитови, меѓу кои е и еден што вети дека ќе ги продаде своите средства.

Wall street Journal објави дека милијардерот негирал дека твитот е за цената на акциите на Tesla, било шега.

Цената на акциите на Tesla порасна оваа година, подигнувајќи ја вредноста на производителот на електрични автомобили на близу 100 милијарди долари, што може да му донесе на Мaск бонус исплата од неколку стотици милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП