18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако пазарот се опоравувал од кризите во последните 150 години (инфографик)

Како пазарот се опоравувал од кризите во последните 150 години (инфографик)

Она што секој може да го помисли кога во ваква кризна ситуација некој му зборува за инвестирање е, дали последиците од коронавирусот можат да бидат невидени и нешто што ќе ги засени сите кризи во минатото. Можат ли последиците врз економијата да бидат поголеми од кога било претходно? За време на секоја криза во минатото, дел од луѓето секогаш го поставуваат прашањето: „Дали е ова најлошото досега?“, па дури и констатираат: „Готово, тоа е тоа, се ќе пропадне!

Историјата и искуството ни даваат одговор на тие прашања. Кризите кои поминале, а имало многу, биле тогаш сигурно некои од „најлошите некогаш“. Пред пандемијата од коронавирус, имало десетина кризи кои помалку или повеќе влијаеле на глобалната економија и финансиските пазари. Во следниот графички приказ прикажано е влијанието на кризата врз долгорочната тенденција на раст на хипотетички индекс на американската берза во текот на изминатите 150 години. Од приказот може да се заклучи дека патот до успехот и позитивниот принос е е трнлив, но дека пазарот има тенденција да расте без оглед на краткорочните кризи и осцилации.

Многу луѓе ја споредуваат тековната криза со кризата во 2008 година. Пандемијата од коронавирусот, без оглед на тоа што е единствена во поновата историја, не е слична на големата финансиска криза во 2008 година. Тогаш кризата предизвика голем колапс на пазарот на недвижности во САД и пропаст на четвртата по големина инвестициска банка во САД – Lehman Brothers. Под влијание на падот на дотогаш надуваните цени на недвижности и презадолженост на приватниот сектор, многумина не биле во можност за отплата на кредитите и ја намалиле потрошувачката и инвестициите. Настанало успорување на економскиот раст и голема недоверба во банкарскиот систем. Денес нема таков вид нестабилност во финансискиот систем.

За време на сите минати кризи, пазарот на опаѓање траел со денови или месеци. Имало и паника и распродажба и страв, како и сега. Меѓутоа, на крајот, пазарот секогаш ги обновувал и ги наградувал стрпливите инвеститори.

Кога станува збор за оваа криза, сигурно ќе заврши, бидејќи ќе се пронајде вакцина или некој друг лек за коронавирус, најмногу за година и пол. Меѓутоа, ќе дојде до промени во однесувањето на потрошувачите и условите на производство, кои сега е тешко целосно да се предвидат, а ќе влијаат на вредноста на тековните инвестициски портфолија и креирање на идните инвестициски одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП