19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИBritish Airways најави 12.000 откази

British Airways најави 12.000 откази

Поради колапсот на воздушниот сообраќај од пандемијата од коронавирус, раководството на British Airways најави големи отпуштања, пишува британски Guardian.

Алекс Круз, извршниот директор на British Airways, кој вработува 42.000 луѓе, им се обрати на сите вработени и најави дека поради деловната состојба и опстанокот на компанијата околу 12.000 луѓе мора да бидат отпуштени.

Круз посочи дека British Airways не може во недоглед да прима помош од државата за вработените, туку мора да се прилагоди на новиот режим на намалено работење.

Круз изјави дека, исто така ги информирал и владата и синдикатите за намалувањето на бројот на работници и најави тесна консултација со вработените и синдикатите.

Авиокомпаниите ширум светот се соочуваат со најголем предизвик досега поради воведување на забрани за патување, но дури и кога ќе бидат дозволени летови, во сила ќе останат мерките за социјално дистанцирање, што и понатаму ќе продолжат да ја загрозуваат одржливоста на авио-сообраќајот.

Александар де Жинијак, директорот на IATE -меѓународна асоцијација на авиопревозници, минатата недела предупреди дека авиопревозниците во целиот свет се борат да опстанат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП