Горивата од денеска се поевтини за два до четири денари по литар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 2,5 денари по литар и изнесува 49,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтини за 2,0 денари и чини 52 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намали за 4,0 денари и изнесува 42,5 денари за литар, додека малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 3,5 денари и ќе изнесува 30,5 денари.
Со одлуката на РКЕ за 2,178 денари за килограм се намали и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и чини 16,945 денари.
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на светскиот пазар на бензините за околу 24,55 отсто и кај дизелот за околу 31,9 отсто, како и за 0,665 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.