26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилската индустрија во Европа од денес повторно во функција

Автомобилската индустрија во Европа од денес повторно во функција

Volkswagen од денес повторно ќе го покрене производството во својата фабрика во Волфсбург, Германија, како последен од флотата на европски производители на автомобили кои ќе ги икористат ублажените мерки на рестрикција за продолжување на производството.

„Германската автомобилска индустрија се враќа денес. Ние во Volkswagen искористивме пауза од пет недели за да се подготвиме за повторно продолжување на производството“, изјави шефот на работната сила на VW, Бернд Остерлох, пренесува Reuters.

Охрабрена од падот на стапката на заразени, Германија дозволи повторно отворање на малите продавници, под услов да се придржува на строгите правила за дистанцирање и хигиена. Сега следи отворање на големите корпорации.

BMW, Daimler и VW се потпираат на способноста на Германија да го следи и задржи новиот коронавирус и здравствениот систем кој е способен за опсежно тестирање за да ги идентификува можните носители на болеста.

Тоа е голема спротивност со Соединетите држави, каде лидерот на Сојузот на работници во автомобилската индустрија во четвртокот изјави дека е „премногу рано и премногу ризично“ повторно да ги отвори автоматските постројки на почетокот на мај, наведувајќи ја како причина загриженоста поради недоволниот обем на тестирање на коронавирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП