сабота, јануари 16, 2021
-2 °c
Skopje
-4 ° саб
-7 ° нед
-5 ° пон
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 13,872.12 -0.82%    KMB 7,816.90 -0.12%    MPT 73,000.00 -0.68%    OKTA 3,789.50 -0.14%    SBT 2,890.00 0%    STB 1,149.05 1.69%    STIL 65.00 0%    TEL 317.00 0.57%    TNB 18,734.81 -0.36%    


Почетна КОМПАНИИ

Триглав Осигурување ја воведе наградната игра „карантWin”

април 25, 2020
во категорија КОМПАНИИ, НАЈНОВИ ВЕСТИ, ТОП ВЕСТИ
A A
Триглав Осигурување ја воведе  наградната игра „карантWin”
0
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


Триглав Осигурување започнува денес со наградна игра под називот „карантWin”. Наградната игра им дава можност на учесниците да добијат награда,  само со тоа што го почитуваат социјалното дистанцирање, коешто е еден од најголемите предизвици во овој период.

Во време кога луѓето се соочуваат со низа прописи, правила и социјално дистанцирање, Триглав Осигурување, со единствена цел да ја поддржи борбата против пандемијата со Ковид-19, одлучи да ги поттикне граѓаните да се придржуваат до препораките за социјално дистанцирање, со можност да бидат наградени.

За наградната игра карантWin

Учесниците во наградната игра карантWin единствено треба да се придржуваат до препораката за социјално дистанцирање најмалку 14 дена, со што добиваат можност да добијат награда.

Да учествуваат во наградната игра, учесниците треба да ја преземат мобилната апликација карантWin, достапна на електронскaтa платформа Google Play Store. Мобилната апликација им овозможува на корисниците да ја регистрираат локацијата на која што престојуваат преку GPS податоците на нивниот мобилен телефон и овозможува движење во радиус од најмногу 100 метри. Доколку учесникот се оддалечи повеќе од 100 метри, бројот на денови се враќа на почеток.

Податоците се чуваат единствено во мобилниот телефон на учесникот и не се преземаат без негово одобрување. Сите податоци трајно се бришат со бришење на апликацијата од мобилниот телефон.

Наградната игра ќе трае од 25.04. до 24.07.2020 година, а во рамките на три извлекувања ќе бидат доделени бројни парични награди и ваучери за осигурување.

“Живееме во време и во околности, кои на сите нам ни се случуваат по прв пат. Соочени сме со предизвици, кои не се лесни, но социјалната дистанца ни ги дава одговорите на многу прашања, како да се справиме со ситуацијата и да не дозволиме таа да ескалира, како да ја спречиме оваа пандемија, која одзема животи и влијае на сите аспекти од социјалното и економското живеење. Сметавме дека, како компанија, можеме да помогнеме со тоа што ќе внесеме малку забава во животите на луѓето, но уште поважно, ќе ги поттикнеме да ја почитуваат оваа препорака, која во моментов значи заштита на здравјето за сите нас. КарантWin е наградна игра, со која што го правиме токму тоа, на многу едноставен начин ги мотивираме луѓето да се придржуваат до препораките на надлежните институции, да седат дома и за тоа ги наградуваме со поединечни парични награди и до 30 000. денари. Во оваа ситуација сите ние треба да го дадеме нашиот максимум и да помогнеме онака како што можеме. Триглав е компанија, која што е секогаш спремна да инвестира во општеството во кое што  работи и сметам дека е наша должност да се обидеме и да придонесеме кон што подобри резултати”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Деталите за наградната игра можете да ги најдете на triglav.mk, а до нив може директно да се пристапи овде.

Правилата на наградната игра се достапни на triglav.mk, а до нив директно може да се пристапи овде.

Мобилната апликација карантWin може да се преземе овде.

Да бидеме одговорни, да останеме дома, да го чуваме здравјето.

Триглав Осигурување АД, Скопје

#седисидома #останиздрав #карантWin

Тагови: војновиќигракарантинвиннаграднаосигурувањетриглав
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

Пациенти на возраст од 25 и 36 години починаа од коронавирус, потврден 41 нов случај

Следна Објава

Каков бил Ајнштајн навистина?




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти
МАКЕДОНИЈА

Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти

јануари 15, 2021
220
Апликацијата „Signal“ доживува технички потешкотии, не може да  опслужи 40 милиони корисници
ТЕХНОЛОГИЈА

Апликацијата „Signal“ доживува технички потешкотии, не може да опслужи 40 милиони корисници

јануари 15, 2021
37
Голема студија потврдува: Ковид-19 е машка болест – почесто се разболуваат, имаат посериозни компликации, а и почесто умираат
СВЕТ

Голема студија потврдува: Ковид-19 е машка болест – почесто се разболуваат, имаат посериозни компликации, а и почесто умираат

јануари 15, 2021
158
Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари
ЕКОНОМИЈА

Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари

јануари 15, 2021
39
Профитот на „BlackRock“ ги надмина очекувањата
КОМПАНИИ

Профитот на „BlackRock“ ги надмина очекувањата

јануари 15, 2021
46
Блокадата ја чини Грција 3 милијарди евра месечно
ЕКОНОМИЈА

Блокадата ја чини Грција 3 милијарди евра месечно

јануари 15, 2021
79

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти

Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти

јануари 15, 2021
Апликацијата „Signal“ доживува технички потешкотии, не може да  опслужи 40 милиони корисници

Апликацијата „Signal“ доживува технички потешкотии, не може да опслужи 40 милиони корисници

јануари 15, 2021
Голема студија потврдува: Ковид-19 е машка болест – почесто се разболуваат, имаат посериозни компликации, а и почесто умираат

Голема студија потврдува: Ковид-19 е машка болест – почесто се разболуваат, имаат посериозни компликации, а и почесто умираат

јануари 15, 2021
Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари

Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари

јануари 15, 2021
Профитот на „BlackRock“ ги надмина очекувањата

Профитот на „BlackRock“ ги надмина очекувањата

јануари 15, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Враќање на легендата: Пристигнува новиот „Renault 5“ (ФОТО/ВИДЕО)

    Враќање на легендата: Пристигнува новиот „Renault 5“ (ФОТО/ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Не може да ги најдеме на мапа, но денеска ќе играат на Мундијалот во Египет

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Голема студија потврдува: Ковид-19 е машка болест – почесто се разболуваат, имаат посериозни компликации, а и почесто умираат

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Јод во исхраната за долговечност

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 15.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 15.01.2021

јануари 15, 2021
2.3k
Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо
ХОРОСКОП

Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо

јануари 14, 2021
1.1k





Следна Објава
Каков бил Ајнштајн навистина?

Каков бил Ајнштајн навистина?

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани