22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПреполовена добивката на Комерцијална банка за првиот квартал од годинава

Преполовена добивката на Комерцијална банка за првиот квартал од годинава

Во периодот од 01.01-31.03.2020 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 217,5 милиони денари, наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 435,2 милиони денари што претставува намалување за 50%.

Како што се вели во соопштението, намалувањето на бруто-добивката е резултат на поголемиот износ на исправка на вредност на финансиските средства на нето основа, при остварен пораст на редовните приходи од работењето. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 10,3% поголема во однос на истиот период минатата година.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 1.017,5 милиони денари и бележат зголемување од 9,6% во однос на истиот период од минатата година.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.03.2020 година изнесуваат 421 милион денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 8,6% како резултат на зголемени премии за осигурување на депозитите, трошоци за одржување компјутерска опрема и за телекомуникациски услуги, трошоци за амортизација и зголемени спонзорства и донации. Планот е остварен со 96%.

Исправката на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа изнесува 378,9 милиони денари наспроти 102,7 милиони денари во истиот период минатата година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

Целосниот коментар на Билансот на успех и Билансот на состојба на Комерцијална банка АД Скопје  можете да го прочитате тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП