19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРесен, Штип и Богданци добија специјални контејнери за одложување на отпад од...

Ресен, Штип и Богданци добија специјални контејнери за одложување на отпад од стакло, донација од Пакомак

За да ја прошири мрежата за селективно одложување на отпад и да ја подобри нивото на комунална инфраструктура во земјата, „Пакомак“ деновиве постави специјални игло-контејнери за собирање на стакло во општините Ресен, Штип и Богданци. Оваа донација е дел од проектот „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“, чија цел е да ја подигне свеста за животната средина преку создавање подобри услови за одложување и рециклирање на стаклен отпад.

Еден дел од контејнерите се поставени во согласност со договорот помеѓу „Пакомак“ и ГИЗ (Германско друштво за интернационална соработка), кој беше потпишан неодамна, а во него е опфатено поставувањете на инфрастуктура за собирање стаклена амбалажа и едукација на населението за бенефитите од селектирањето на амбалажниот отпад. Целта е да се утврдат најдобрите начини и практики за собирање на отпад од стакло, кои потоа би се имплементирале низ целата земја.

Проектот “Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“ е финансиран од Сојузното Министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ) и компаниите СЕКОПАК (Србија), ПАКОМАК (Македонија) и ЕКОПАК (Босна и Херцеговина), во рамки на програмата за соработка со бизнис секторот develoPPP. Партнери во имплементација на проектот се Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и приватните компании оператори на системот (СЕКОПАК, ПАКОМАК и ЕКОПАК), во соработка со регионалниот технички секретаријат на BFC SEE мрежата (НАЛЕД), Заедницата на единиците на локална самоуправа во Република Северна Македонија (ЗЕЛС) и Регионална Развојна Агенција за Херцеговина (РЕДАХ). Овој проект е одобрен на почетокот на 2020 година, а ќе трае до крајот на 2022 година.

Уште од самиот почеток на постоењето, „Пакомак“ се залага за намалување на амбалажниот отпад зголемување на свеста на рециклирањето на истиот. Целта на „Пакомак“ е преку поставување на позитивен пример и обезбедување на соодветна инфраструктура, да покаже дека местото на отпадот е во контејнерите, а не насекаде околу нив.

„Денеска, како никогаш досега, ни недостига престојот во природа и конечно ја разбираме нејзината важност во нашите животи. Периодот на изолација ни потенцираше колку всушност е важен природниот свет и поради тоа мора да направиме се’ што е во наша моќ за да ја одржиме животната средина во најдобар ред, бидејќи ние имаме далеку поголема потреба од неа отколку таа од нас. Локалните заедници, општините и градовите во кои живееме се огледало на нашиот однос и грижата која ја посветуваме кон нив – а тие ни враќаат за добриот однос со тоа што ни даваат чист воздух, здрави зелени површини и природа во која можеме да уживаме. Наша задача е да го одржуваме тој баланс“, велат од Пакомак.

Градоначалниците на Ресен, Штип и Богданци ја искажаа својата благодарност кон „Пакомак“ и проектот го опишаа како акција од општ интерес, истакнувајќи ја важноста на соодветната инфраструктура за реализирање на краткорочните и долгорочни еколошки цели. Проширувањето на мрежата за селектирање и рециклирање на отпад претставува уште еден чекор напред кон создавање на одржлива и чиста околина, а од „Пакомак“ ја потенцираат граѓанската активност и едукација како клучен дел од овој процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП