25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGorenje укинува 2.200 работни места

Gorenje укинува 2.200 работни места

Словенечкиот производител на домашни уреди Gorenje ќе укине 2.200 работни места поради последиците од пандемијата од коронавирусот, објави словенечката јавна телевизија.

“Илјада работни места ќе бидат укинати во фабриката и канцелариите во Словенија, а остатокот ќе биде во филијалите во странство”, изјави претставникот на синдикатот Жан Зеба за телевизијата по вондредниот состанок кој раководството на компанијата го свикала.

Мерките уследиле по големиот пад на побарувачката поврзана со пандемијата, наведува словенечката телевизија, додавајќи дека други детали ќе бидат презентирани утре.

Gorenje е еден од најголемите словенечки извозници и има фабрики во Србија и Чешка. Компанијата е купена од кинеската групација Hisense во 2018 година со намера да го прошири производството и продажбата на домашни уреди ширум Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП