6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорден раст на приходите на Netflix

Рекорден раст на приходите на Netflix

Американската платформа Netflix, еден од најпопуларните стриминг сервиси, забележа рекорден раст и зголемување на бројот на претплатници во првиот квартал од оваа година.

Како што објавија американските медиуми, вчера Netflix, непосредно по затворањето на берзата, ги објави податоците за заработка од првиот квартал од оваа година.

Приходот на компанијата во првите три месеци од 2020 година изнесува 5,77 милијарди долари, што е за 1,25 милијарди повеќе во споредба со првиот квартал во 2019 година и 300 милиони повеќе во споредба со четвртиот квартал од минатата година.

Според американските медиуми, растот на Netflix е евидентен во обете споредби, што се совпаѓа со предвидувањата, но особено со светската криза поради пандемијата од коронавирусот и мерките за изолација на граѓаните во многу земји.

Netflix пријави раст на претплатата од 15,77 милиони сметки, што претствавува најголем квартален раст во историјата на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП