26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на продажбата на Coca Cola за 25 проценти

Пад на продажбата на Coca Cola за 25 проценти

Coca-Cola во вторникот соопшти дека затворањето на кината, рестораните и стадионите поради коронавирусот и понатаму и штети на нејзиното работење.

Глобалната количина на пијалоци на оваа компанија падна за 25 проценти од почетокот на април.

– Конечното влијание на вториот квартал и на целата 2020 година досега е непознато, бидејќи во голема мера ќе зависи од тоа колку ќе траат мерките за социјално дистанцирање, како и од содржината и брзината на макроекономското закрепнување, велат од компанијата.

Влијанието врз оваа компанија во вториот квартал сигурно ќе биде огромно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП