27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд Ковид-19 почина пациент на 70 години, излекувани 24 лица и само...

Од Ковид-19 почина пациент на 70 години, излекувани 24 лица и само седум новозаразени

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 24 излекувани пациенти кои се лекувале во домашни услови.

Петмина излекувани пациенти се евидентирани во Кочани, по четворица во Скопје и Дебар, по тројца во Штип, Прилеп и Тетово и по еден во Струмица и Куманово.

Во болницата „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се седум нови случаи на Ковид-19 во земјава. Од нив три случаи се во Тетово и по двајца во Куманово и Кочани.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 1.231, а по градови табелата изгледа вака:

Скопје – 411

Куманово – 340

Дебар – 51

Штип-34

Прилеп –117

Тетово – 60

Струга – 55

Велес – 59

Битола –17

Охрид –15

Кавадарци – 4

Гостивар –13

Гевгелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-4

Радовиш – 4

Крушево – 3

Кочани – 28

Пробиштип – 2

Кичево – 2

Неготино -2

Демир Хисар – 1

Македонски Брод -2

Пехчево- 1

Во изминатото деноноќие направени се вукпно 207 теста. Преку ИЈЗ – 201, а шест тестови во Филип Втори (Жан Митрев). Досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација.

Во „8 септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина.

Во Битола се хоспитализирани се вкупно 13 лица, а на домашно лекување се следат 15 пациенти.

Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП