24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba инвестира 28,2 милијарди долари во облак инфраструктурата

Alibaba инвестира 28,2 милијарди долари во облак инфраструктурата

Од Alibaba најавуваат огромни инвестиции од дури 200 милијарди јени (околу 28,2 милијарди долари) во хардверска и софтверска инфраструктура во следните три години, во глобална битка со Amazon и Microsoft.

Најавите од компанијата се дека ќе се фокусираат на инвестиции во технологии кои се однесуваат на развој на облак инфраструктурата, т.е. оперативни системи, сервери, чипови и мрежни технологии. Alibaba е најголемиот снабдувач на услуги “во облак”, но заостанува зад американските Amazon и Microsoft.

Во Alibaba објаснуваат дека ова е клучно време за развој на дигиталната економија, иако приходите на компанијата од услугите “во облак” сочинуваат само 7 проценти од годишните приходи. Компанијата дури има голем конкурент во самата Кина, а станува збор за компанијата за е-трговија JD.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП