4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа шопинг во странство лани сме потрошиле 290 милиони евра, најмногу во...

За шопинг во странство лани сме потрошиле 290 милиони евра, најмногу во Унгарија – 30 милиони евра

Македонските граѓани лани не штеделе „пластични пари“ за шопинг во странство. Потрошиле над 288 милиони евра. Најмногу во Унгарија 29,8 милиони евра – покажуваат последните податоци на Народната банка. Втора земја каде Македонците најмногу ги празнеле картичките е соседна Грција каде се потрошени 29,1 милиони евра. Потоа речиси 29 милиони евра во Обединетото кралство, а во топ пет земји следуваат Бугарија со 18,3 милиони евра и последна е Србија со 17,5  милиони евра.

Но, навиките на граѓаните за пазарување во странство биле различни од земја до земја. Така, картичките најмногу ги празнеле за шопинг во Грција каде најголем дел од потрошените пари се на физички места во продажба, за разлика од Унгарија каде најголем дел од прометот на картички е направен на продажни места на иннтернет, покажува анализата на податоци на Народната банка. Трансакцииите се направени на виртуелни места во Унгарија, што значи дека станувало збор за онлајн плаќања. А претпоставките се дека плаќањата се главно направени кон унгарската авиокомпанија „Визер“, која организира евтини летови кон повеќе познати дестинации, а тие се многу популарни кај граѓаните од земјава.

Анализата покажува дека странците пак во земјава на картички оставиле 223 милиони евра. Според земјата на издавање на платежните картички излегува дека најмногу пари во макеоднија оставиле граѓани на САД, па на Германија, Швајцарија и Италија.

Податоци за плаќање со картички во странство:

Унгарија                                                    29,8 милиони евра

Грција                                                        29,1 милион евра

Обединето Кралство                                29 милиони евра

Бугарија                                                     18,3 милиони евра

Србија                                                        17,5 милиони евра

Вкупен промет на картички во странство: 288 милиони евра

С.А    

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП