29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПотврдено: Технологија за следење во (скоро) сите Android телефони

Потврдено: Технологија за следење во (скоро) сите Android телефони

Google потврди дека ќе го користи Play Service, за во Android телефоните да имплементира нова технологија за следење контакти на оние кои се заразени со коронавирус.

Оваа технологија заедно ја прават Google и Apple, а ќе биде низ ажирирања автоматски достапна на сите кои имаат Android 6.0 или понов.

Долго време се зборува за тоа, но се до сега немаше официјална потврда – сепак, Google на себе ја презеде улогата на “вметнување” технологија во сите Android уреди. Се очекува дека ова ќе биде направено во две фази: Првата ќе биде преку ажурирање во наредните месец дена, а втората неколку месеци подоцна.

Меѓутоа, постојат одреден број Android уреди кои не користат Google Play Service, а тука спаѓаат кинеските Android телефони, како и сите Huawei телефони произведени по забраната, пренесува The Verge.

Во такви случаеви, решението за проблемот изгледа малку поинаку: Google има намера да објави framework кој тие компании би можеле да ја искористат за копирање на оваа технологија за следење, која Apple и Google ја направија.

Ipa, Huawei, Xiaomi и другите кинески компании (или кинеската влада) ќе го имаат последниот збор за тоа дали сакаат да го вметнат овој систем во телефоните на корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП