4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Короната го води светот во криза полоша од Големата депресија

ММФ: Короната го води светот во криза полоша од Големата депресија

Глобалната економија во 2020 година ќе падне за три проценти, додека многу земји се соочуваат со најголемите економски проблеми во последните неколку децении, соопшти ММФ.

Од Меѓународниот монетарен фонд, наведуваат дека падот на економијата е најлош од Големата депресија во триесетите години на минатиот век, и оценуваат дека пандемијата го однела светот во „криза каква што не постоела“.

Ако пандемијата трае долго, тоа ќе ја тестира способноста на владите и централните банки да ја контролираат кризата, додаде ММФ, пренесува BBC.

Гита Гопинат, главна економистка во ММФ, вели дека кризата би можела да го намали светскиот социјален производ за девет трилиони долари.

Иако ММФ го пофали „брзата реакција“ во земјите како Велика Британија, Германија, Јапонија и САД, се наведува дека ниту една земја нема да биде имуна на економскиот пад.

Глобалниот раст се очекува да закрепне за 5,8 проценти следната година, но само доколку пандемијата заврши во втората половина на 2020 година.

Гопинат вели дека големата економска блокада претставува „црна реалност“ за политичарите, кои се соочуваат со „неизвесност околу долготрајноста и интензитетот на шокот“.

„Делумно закрепнување е предвидено за 2021 година“, вели Гопинат.

Таа наведува и дека прв пат од Големата депресија и од развиените економии се очекува да бидат во рецесија.

ММФ предупредува дека растот во развиените економии нема да се врати на нивото од пред вирусот до 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП