27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од два милиони луѓе се заразени од коронавирус ширум светот

Повеќе од два милиони луѓе се заразени од коронавирус ширум светот

Во нашата земја има 908 дијагностицирани, а 44 луѓе починале од коронавирусот. Во светот заболеле повеќе од 2.000.000 луѓе, а над 126.000 починале.

Коронавирусот продолжува да влијае на човечките животи. Според последните податоци, од смртоносно заболување починале над 126.000 луѓе, а иако опасноста останува голема, Данска одлучи да ги олабави мерките и да ги отвори градинките од денес.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги предупреди граѓаните дека коронавирусот во Австрија ќе се задржи со месеци.

Тој во изјава за јавниот сервис ОРФ предупреди дека доколку дојде до промена на бројките во негативна насока, можно е да се вратат ограничувањата, кои беа олабавени од вчера.

Курц истакна дека внимателно ќе се следи бројот на хоспитализирани, како и бројот на нови инфекции, како и факторот на репродукција на вируси, кои мора да бидат под 1.

Во Кина се забележани 46 нови случаи на коронавирусот во последните 24 часа, а едно лице починало како последица на оваа болест, соопштила денеска Националната здравствена комисија.

Во Германија се регистрирани 2.486 нови случаи на вирусот корона, така што вкупниот број заразени е 127.584, според Институтот за инфективни болести Роберт Кох. Тоа значи дека бројот на нови инфекции е зголемен по четири дена пад, пренесува Ројтерс.

Пријавени се уште 285 смртни случаи, што резултирало со вкупно 3,254 смртни случаи од вирусот корона.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП