19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИутеКредит донираше повеќе од 100 медицински скафандери и висококвалитетни заштитни маски на...

ИутеКредит донираше повеќе од 100 медицински скафандери и висококвалитетни заштитни маски на државните клиники

Со цел и поголема безбедност на здравствените работници и ублажување на притисокот на здравствениот систем во време на пандемија од коронавирусот, финасиското друштво ИутеКредит Македонија донираше неопходна медицинска опрема на четири клиники на државната болница во Скопје.

Донацијата од повеќе од 100 медицински скафандери и висококвалитени заштитни маски со филтри за повеќекратна употреба е распределена на клиниките за гастроентерохепатологија, инфективни болести, торакална хирургија, како и на клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

“Во овој период здравствениот систем е изложен на огромен притисок од последиците со кои се соочуваме поради пандемијата на коронавирусот. Со оваа донација би сакале да покажеме благодарност до сите здравствени работници кои секојдневно се изложени на најголем ризик и да придонесеме во побрза и безбедна разрешница на оваа непосакувана ситуацијата. Продолжуваме да бидеме посветени на заедницата и на проектите од јавен интерес како дел од нашето општествено одговорно делување” – изјавуваат од ИутеКредит.

Здравјето и здравата животна средина се еден од приоритетите на општествено одговорно делување на ИутеКредит, а ова не е првата поддршка на здравствените институции од ова финансиско друштво. Минатата година ИутеКредит учествуваше со донација во опремување на реновираната клиниката за гастроенетрохепатологија во Скопје.

Дополнително, финанското друштво активно ги применува препорачаните мерки за заштита од ширење на коронавирусот, адаптирајќи го начинот на работење со цел да овозможи непрекината и безбедна услуга на своите клиенти 24/7, преку сите дигитални канали за услужување и комуникација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП