27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка започна со бесплатна лична достава на картичките на своите клиенти

НЛБ Банка започна со бесплатна лична достава на картичките на своите клиенти

Во услови на пандемија на вирусот Covid-19, а со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка воведе нова услуга за лична достава на обновените дебитни и кредитни картички на клиентите бесплатно, без дополнителен надоместок.

Со оваа услуга, на клиентите им е овозможено да ја добијат обновената картичка на рака, на домашна адреса, без потреба да посетуваат експозитура. За да се овозможи услугата, сите клиенти кои сакаат да ја искористат оваа можност потребно е да поднесат електронско барање за достава на картичка, преку веб страницата на Банката www.nlb.mk.

Во периодот до 31 мај доставата на картичките на адреса на клиентите ќе биде без надоместок.

„Апелираме до сите наши клиенти да се грижат за своето и здравјето на другите и да ги минимизираат посетите на експозитурите. Ве охрабруваме да аплицирате за достава на обновените картички по пошта и на овој начин заеднички да придонесеме да се избегне зголемената фреквенција во експозитурите. НЛБ Банка со низа различни мерки секојдневно прави напори за да ги заштити своите клиенти и вработени. Затоа апелираме заради заштита на здравјето доследно да се почитуваат превентивните мерки од НЛБ Банка и Министерството за здравство“, велат од Банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП