19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon ќе вработи уште 75.000 луѓе поради пандемијата

Amazon ќе вработи уште 75.000 луѓе поради пандемијата

Компанијата за е-трговија Amazon планира да вработи уште 75.000 луѓе на работни позиции, од магационер до возач на доставни возила.

Поточно, онлајн нарачките на компанијата скокнале среде пандемија од коронавирусот, која ги држи луѓето во домашна изолација.

Американскиот гигант за електронска трговија вчера соопштил дека предвидува раст на  трошоците за зголемување на платите на работниците ширум светот за повеќе од 500 милиони долари за време на пандемијата, во однос на претходните проценки од 350 милиони долари, пренесува Reuters.

Најавата за новото вработување доаѓа откако Amazon неодамна ангажираше нови 100.000 магиционери и работници за испорака, поради наглиот раст на побарувачката.

“Знаеме дека многу луѓе се економски погодени затоа што ги загубија работите или сред оваа криза беа испратени на принуден одмор од компаниите кои работат во областите на угостителството и патувањата. Добредојдени се сите да се придружат на Amazon додека работите не се вратат во нормала и додека нивните претходни работодавци не бидат во можност да ги вратат на работа“, се наведува во постот објавен на страната на Amazon.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП