2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДесет вредни совети на „гуруто“ Џон Бигс

Десет вредни совети на „гуруто“ Џон Бигс

soveti1

Џон Бигс, уреникот на „TechCrunch“ за американскиот источен брег, инаку највлијателен „start up“ магазин на светот, неодамна на една своја презентација пред познатите светски иноватори, претприемачи и креативци подели некои свои вредни сознанија и совети.

1.Секогаш е подобро да се работи паметно, отколку напорно.

2.Не е лошо малку да копирате и од други.

3.Секогаш бидете насочени кон идеите кои исполнуваат нечии потреби.

4.Не бидете агресивни.

5.Добро одберете го „start up“ инкубаторот. Ако дојдете во погрешен, можете да погрешите.

6.Исчистете ги своите идеи. Без оглед на се, идејата мора да изгледа совршено, и не се откажувајте додека не стане таква.

7.Напишете ја својата идеја. Таа мора да биде човечка и разбирлива. Оние кои ја читаат веројатно дневно се „прекриени“ со стотици и илјадници други идеи, па поради тоа обидете се да им „паднете“ во очи.

8.Одберете ја вистинската личност на која ќе и ја кажете идејата. Лех Валенса, Боно Вокс, Далај Лама… нив не ги интересира вашата идеја. Подобро дојдете кај мене.

9.Успехот е патување, не дестинација. „Apple“ не е готов со своите приказни, не е ни „Facebook“, бидете свесни за тоа. Морате да мислите на иднината, на вашиот петгодишен, десетогодишен, дваесетогодишен план.

10.Можете да излезете од „црна дупка“. Да ги запалите сите „мотори“. Аплицирајте на сите можни конкурси, вработете маркетинг експерти, соберете екипа, променете екипа, правете се за да успеете. За жал, можеби на крај ќе разберете дека ова не е за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП