28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФаучи: Потоплото време можеби нема да ја однесе короната

Фаучи: Потоплото време можеби нема да ја однесе короната

Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, Ентони Фаучи изјави дека не сака да прејудицира дали коронавирусот ќе исчезне со потоплото време.

Фаучи во емисијата “Добро утро Америка” на телевизијата ABC изјави дека постои преседан со други инфекции, како што е грипот, па кога ќе дојде потопло време тој ја губи способноста да се размножува.

Меѓутоа, тој додаде дека никој не треба да претпостави дека тоа ќе биде и со овој вирус и дека светот ќе биде спасен од промената на времето.

Мора да претпоставите дека вирусот ќе продолжи да се реплицира, а ако имаме помош од времето, добро е, додаде Фаучи, пренесува AP.

Прашан што мисли за наводите од New York Times дека вирусот почнал да циркулира во Њујорк уште од средината на февруари и дека дошол од Европа, а не од Азија, Фаучи изјави дека тоа е веројатно точно.

Тој констатираше дека Европа станала епицентарот на вирусот многу брзо откако Кина “експлодирала” со своите случаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП