4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМерцедесот на Фанџо продаден за 19.6 милиони фунти

Мерцедесот на Фанџо продаден за 19.6 милиони фунти

fangio

Класичниот тркачки автомобил „Мercedes-benz W196“ од  1954-та кој му припаѓаше на легендата на Формула 1, Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо, продаден е на аукција за 19.6 милиони фунти.

Петкратниот светски шампион во овој автомобил во 1954-та година ја освои својата втора титула остварувајќи победи на Големата награда на Германија и Големата награда на Швајцарија.

Според претседателот на аукциската куќа „Bonams“ која ја организираше лицитацијата, Роберт Брукс, автомобилот на Фанџо е најзначајниот тркачки автомобил во историјата кој е продаден на аукција.

Анонимниот купувач го купи Мерцедесот, откако лицитираше по пат на телефон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП