28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвиот аналоген часовник кој овозможува бесконтактно плаќање

Првиот аналоген часовник кој овозможува бесконтактно плаќање

Апликацијата Payments MuchBetter ги здружи силите со швајцарскиот Winwatch за да лансира аналоген часовник кој овозможува бесконтактно плаќање благодарение на површината направена од “паметно стакло”.

Часовникот, кој е прв во светот, користи STISS стакло за плаќање, супер силно сафирно стакло кое има EMV чип и запечатена антена.

Јенс Бадер, ко-основач на MuchBetter, вели: – Луѓето не сакаат да се откажат од својот стручно изработен аналоген часовник во замена за паметен часовник кој би можел да застари за само неколку години.

– Тоа е причината зошто на пазарот постои толку голем јаз за луѓето кои гледаат корист од додавање на некои паметни функции како што се плаќање со својот сакан аналоген часовник – особено сега додека бесконтактните плаќања не се само многу погодни, туку се и од суштинско значење за јавното здравје.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП