PC Surface Neo dual screen на Microsoft кој работи на Windows 10X нема да се појави во продажба на планираниот датум, според извештаите кои доаѓаат од западните медиуми. Компанијата објави дека го променила фокусот, и дека сега целта е Windows 10X да работи добро на еден екран, како лаптопите, односно сличните 2-во-1 уреди.
За Surface Duo dual screen телефонот на Android на компанијата од Redmond, кој е најавен со Neo минатата година, може да се каже дека се оди според планот. Моделите со два екрани на другите компании или свитливите компјутери кои се веќе најавени, како што е Lenovo ThinkPad X1 Fold, изгледа дека нема да можат да излезат на пазарот со Windows 10X OS. Сето тоа придонесува за чувство дека овој оперативен систем тапка во место.
Microsoft Surface Neo и Duo требаше да бидат во продажба за божиќните празници во 2020 година. Сепак, како што стојат работите, од тоа нема да биде ништо, барем кога е Neo во прашање.