26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо последните три месеци лани граѓаните си купиле недвижности за 200 милиони...

Во последните три месеци лани граѓаните си купиле недвижности за 200 милиони евра

Македонските граѓани предновогодишно, или во последните три месеци од 2019 година, од октомври до крај на декември купиле недвижности вредни над 200 милиони евра. Последните податоци на Агенцијата за катастар на недвижности за четвртиот квартал лани покажуваат дека граѓаните купиле 140.264 метри квадратни во станови за кои платиле нешто над 100,8 милиони евра. За куќи потрошиле 19,5 милиони евра. Нешто над 39 милиони евра чинеле деловните простории кои ги купиле во последниот квартал лани, а со останатите пари македонците се „подновиле“ и со индустриски објекти, земјоделско и градежо земјиште и други недвижности. Или во овој период се продадени недвижности со површина од неверојатни 6.585.458 метри квадратни. Но најголема квадратура отпаѓа на земјоделско земјиште 4.446.287 метри квадратни.

Математиката покажува дека за целата година лани пак граѓаните си купиле недвижности со вкупна вредност од речиси 600 милиони евра,

Од октомври до крај на декември лани најскапо се продавал квадрат стан во скопските општини. Така најскап квадрат имало во општина Карпош, или за метар квадратен станбена површина граѓаните плаќале по 61.005 денари или податоците покажуваат дека цената на метар квадратен во Карпош за еден квартал пораснала за над 10 евра бидејжи во третиот квартал изнесувала 60.398 денари. Втора општина по продажба е Центар каде исто становите се продале по повисока цена за метар квадратен. Така во четвртиот квартал во Центар становите се продавале по 60.121 денар за метар квадратен, а прертходниот квартал за просечни 59.855 денари за метар квадратен.

Трет најскап квадрат има Аеродром каде цената за еден метар квадратен рипнала за неверојатни 2.000 денари по квадрат. Така во последниот квартал лани, метар квадратен во Аеродром се продавал по 52.732 денари, а претходното тримесечие за 50.739 денари. Овие цени за метар квадратен во скопските општини се двојно повисоки од тие во другите градови во земјава. Освен Охрид кој по цените се приближува до скопските општини, другите градови имаат двојно пониски цени од скопските општини. Така метар квадратен станбена површина во Куманово се купувала по 29.546 денари за метар квадратен.

Податоците покажуваат дека најголем број продадени станови има во скопските општини. Така во општина Карпош биле продадени вкупно 368 станови, следува Аеродром со 249, па Центар со 212 и Кисела Вода со 158 продадени станови. А во Охрид има продадени станови помалку и од Кисела Вода, односно 137, а е нјвисоко на листата од другите градови во земјава по продажбата на станови. Најдолу пак на листата се општините Пласница, Лозово, Конче, Зрновци и Вевчани со по една продажба и тоа во првите четири општини земјоделско земјиште, а во Вевчани градежно земјиште.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП